речник контакт

Велешки Киро Ќучук се продаде за 68 милиони денари?

Собранието на доверители за две седмици ќе одлучи дали ќе ја прифати понудената цена на електронска аукција

Петар Печков

Велешката керамичка индустрија Киро Ќучук е пред продажба од 68 милиони денари. Ова е цената која беше понудена како највисока од страна на македонска фирма, неофицијално формирана од турски инвеститор на денешното (понеделник)   јавно наддавање, изведено по електронски пат.  

Дали ,,Киро Ќучук,, во стечај ќе се продаде, дали оваа понуда ќе биде прифатена,  ќе одлучи Собранието на акционери закажано за две седмици а ќе се одржи во Основниот суд во Велес.   Некогашната циглана  се продаваше без почетна вредност а  неговиот имот е проценет е на 226 милиони денари.

 Во него влегуваат  градежни објекти, машини и опрема, инвентар, транспортни средства. При електронската продажба беа понудени уште два пакети, административна зграда и продавница.

Некогашната менза на Пелагонија и  поранешен Хотел за работници достигна  85 отсто од проценетата вредност и за него се понудени конечни 4,5 милиони денари од проценетите 6,4 милиони, додека  за продавницата лоцирана кај Градскиот пазар се понудени  380 илјади денари  а проценката е 1,1 милион денар.

За сите нив конечната одлука ќе ја донесе Собранието на доверители, каде најголем доверител е  Министерството за финансии - преку Управата за Јавни приходи а меѓу останатите се Фондовите за здравство и ПИОМ. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »